21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Ждрепката за четвртфиналето на ФА купот донесе два интересни пара

Бранителот на ФА купот, Манчестер сити, кој синоќа го елиминираше Шефилд вензди, во четвртфиналето ќе игра на гости против Њукасл и тоа ќе биде можеби и најинтересниот меч од таа четвртфинална фаза.

Ждрепката сакаше Лестер да го пречека Челзи во другото дерби. Овие тимови неодамна меѓу себе одиграа интересни 2-2 и тоа е добра најава. Норвич, кој го изненади Тотенхем и првпат по 1992 се најде во четвртфиналето, на свој терен ќе игра со Дерби каунти или Манчестер јунајтед, додека Арсенал, кој е рекордер со 13 титули во ова натпреварување, ќе игра на гости со Шефилд јунајтед.

Четвртфиналето во ФА купот се игра викендот на 21 и 22 март.

- Оглас -

Најнови вести