Долгото патување, промената во часовните зони (Казахстан е три часа пред времето во Македонија) и климата (моментно во Астана е 15 степени), заедно со теренот со вештачка трева се непријатностите со кои треба да се бори македонската фудбалска репрезентација на гостувањето во Казахстан од квалификациите за СП 2026, но после ремито со Белгија, сите во црвено-жолтиот тим веруваат во победа.
Во очите на фудбалерите се гледа жар и глад за победа, мотивацијата е голема и избраниците на Благоја Милевски се решени од ова гостување да си заминат со три бода повеќе на контото.
Нашите репрезентативци го одржаа официјалниот тренинг, се запознаа со условите во кои ќе треба да играат на утрешниот меч на кој сме фаворити за победа. Погледнете дел од атмосферата која владееше на тренингот: