20.8 C
Skopje
петок, 26 септември 2025

Официјално: Партизан го купи финскиот мега талент Мика Муринен

Младиот фински кошаркар Мика Муринен ќе игра за белградски Партизан.

„Би ве замолил, доколку имате какви било информации, да ми дадете, да научам нешто ново“, се насмеа тренерот Жељко Обрадовиќ кога го прашаа за можното доаѓање на една од сензациите на последниот Евробаскет.

Но, само половина час подоцна, претседателот Остоја Мијаиловиќ на прес-конференција потврди дека Муринен потпишал, а има и објава на Партизан на социјалните мрежи.

Финскиот тинејџер синоќа беше поврзуван со Црно-белите од Белград, медиум во Грција прв ја објави „бомбата“, а масло на оганот се долеа кога се забележа дека Муринен го следи Партизан на Инстаграм.

- Оглас -

Најнови вести