Жељко-шоу во Москва: Еб*те се сите, и ти Датоме, и ти Махматоглу… (видео)

Фенербахче повторно загуби во Евролигата, овојпат на гостувањето кај европскиот првак ЦСКА Москва со убедливи 88:70. Турскиот гигант немаше шанси против разиграните Армејци, а тоа му беше јасно и на реномираниот Жељко Обрадовиќ.

Кошаркарските љубители веќе се навикнаа да го гледаат српскиот стратег многу нервозен како им дели лекции на своите кошаркари. И сега ги помина границите на нормалното, па за време на еден тајм-аут почна „Жељко-шоуто“ со пцовки на сите страни.

„Вие сте добри момци, ама еб*те се сите. Е*и се и ти Џиџи Датоме, срам да ти е. А ти, Махматоглу, да бев нормален ќе те пратев во соблекувална“, на цел глас се дереше Обрадовиќ.

https://www.youtube.com/watch?v=fhS751Lhbfc&feature=emb_title

- Оглас -

Најнови вести