Жена ја направи збрката поради која Баерн Минхен играше со 12 играчи против Фрајбург

Баерн Минхен без многу проблем со 4:1 славеше на гости кај Фрајбург, но во финишот на средбата се случи една необична ситуација. Баерн Минхен еден мал дел од натпреварот беше со 12 фудбалери на теренот. Како се случи Баерн да игра со 12 фудбалери на теренот?

Се играше 85 минута кога гостите најавија две измени. Тренерот на Баерн Јулијан Нагелсман сакаше на местото на Толисо и Коман, во игра да ги внесе Шуле и Сабицер. Но, Коман остана на теренот откако четвртиот судија на електронската табла не покажа дека Коман треба да излезе.

Зошто Коман не излезе, виновна е тим менаџерката на Баерн Кетлин Кругер. Должност на Кругер е на четвртиот судија да ги даде броевите на играчите кои треба да бидат заменети. Таа згрешила при бројката на Коман.

На четвртиот судија му била дадена бројката 29 која Коман ја носеше минатата година. Французинот оваа сезона го носи дресот со бројот 11, па кога Коман видел дека на електронската табла не е бројот 11, си останал на терен.

Шуле и Сабицер влегоа на теренот, а од игра излезе само Толисо. Баерн Минхен во игра остана со 12 играчи, а играчот на Фрајбург Нико Шлотербек брзо сфати што се случува и на главниот судија му сигнализираше дека треба да ги преброи играчите на гостите во игра.

Само 17 секунди Баерн беше со фудбалер повеќе на теренот и тоа воопшто не влијаеше на конечниот резултат, а од Фрајбург ферски најавија дека нема да вложат никаква жалба поради грешката на една дама. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести