Женесио дефинитивно го напушта Лион, Мурињо на готовс

Бруно Женесио и дефинитивно нема да ја продолжи соработката со Лион, тој ќе го напушти тренерското столче по крајот на оваа сезона, односно откако ќе му заврши договорот. Оваа одлука на францускиот стратег доаѓа по вчерашниот пораз од Нант со 2-1, па сега во Лион сите ја очекуваа веќе најавената „бомба“.

Сè поизвесно е дека нов тренер на „лавовите“ ќе биде Жозе Мурињо, шпекулациите кои се појавија пред неколку дена по сите изгледи ќе се остварат.

Женесио ја предводи екипата од родниот град од декември 2015 година, во 175 натпревари Лион под неговата палка оствари 95 победи, 45 порази и 35 ремија. Покрај пласманот во полуфиналето од Лигата на Европа во 2017 година, за успех се смета и пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите во оваа сезона, каде Лион претрпе елиминација од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести