Познат новиот клуб на Мурињо?

Жозе Мурињо го чека крајот на оваа сезона за да може повторно да се врати во менаџерската работа, а се чини дека Португалецот веќе го одбрал клубот каде ќе ја продолжи кариерата. Тој денес предизвика лавина од реакции откако наводно пристигнал во Лион, каде што преговарал околу нов ангажман.

Францускиот медиум „Ентрепенде“ тврди дека Мурињо преговарал за тренерското столче во Олимпик Лион, на кое засега седи Бруно Женесио. Новинар на овој медиум наводно го видел стратегот на аеродромот во Лион и тврди дека тргнал на состанок со претседателот на поранешниот француски клуб, Жан-Мишел Ола.

Шпекулациите поврзани со Мурињо и Лион беа познати од претходно, бидејќи португалскиот стратег сам кажа дека нема ништо против да работи во Франција, додека уште во игра се и Баерн Минхен, Интер и Рома.

- Оглас -

Најнови вести