Жените го обелија образот на Барса во Европа, ќе играат финале во ЛШ

Барселона е прв финалист во женската Лига на шампиони во фудбал. Барса денеска дома пред 72.000 гледачи на „Камп Ноу“ одигра 1-1 против Челзи, и се пласираше во финале благодарение на триумфот од 1-0 на првиот меч во Лондон.

Каролине Хансен е фудбалерката која ја однесе Барса во финале, бидејќи го даде головите и на првиот меч и денеска на реваншот.

Во финалето, Барселона ќе игра со Волфсбург или Арсенал, кои реваншот го играат на 1 мај, а првиот меч им заврши 2-2.

- Оглас -

Најнови вести