Женската бразилска репрезентација загуби 6:0 од 15-годишни момчиња

Женската фудбалска репрезентација на Бразил ги започна подготовките за Олимписките игри кои летоска ќе се играат во Токио. Најдобрата селекција на Кариоките одигра пријателски дуел против машкиот У16 тим на Гремио и загуби со убедливи 6:0.

Иако се играше двапати по 30 минути, а за Бразил настапи и легендарната фудбалерка Марта, која шестпати ја освојуваше ФИФА наградата за најдобра фудбалерка, тинејџерите од Гремио беа пресилни.

„Овој тренинг-меч ни беше важен поради неколку работи. Прво да видиме колку мажите се многу побрзи од нас. На Игрите во Токио против себе ќе имаме неколку брзи селекции и ова беше вистински предизвик. Беше важно и да видиме како секоја фудбалерка посебно ќе се снајде на теренот. Имавме неколку добри ситуации еден на еден и добро реагиравме. Ова е вистинскиот пат за напредок и да бидеме подготвени за сè што нè очекува во 2021 година“, рече селекторката на Бразил, Пија Сундхаге.

 

- Оглас -

Најнови вести