Женската верзија на Меси игра во Валенсија, тргна од својата половина и даде фантастичен гол (Видео)

Флор Бонсегундо е фудбалерка во женскиот тим на Валенсија која се најде во центарот на вниманието благодарение на погодокот во дуелот против Бетис.

Во седмата минута, Бонсегундо прифати топка на својата половина и тргна во напад. Успеа да помине неколку противнички играчи и кога се најде пред голманот, на елегантен начин со лоб ја затресе мрежата на противникот.

Тоа беше погодок за водство на Валенсија од 1:0, но, за жал на Бонсегундо, Бетис во продолжение направи пресврт и на крајот славеше со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести