Женскиот тим на Лион загуби лигашки меч после 4 години

Синоќа машката екипа на Пари Сен Жермен претрпе болен пораз од Монако во меч на кој Светците водеа со 2-0, но затоа женскиот тим на ПСЖ приредија пријатно изненадување.

Во 9-тото коло на женската Лига 1, во Париз играа ПСЖ и европскиот првак Лион, а парижанките победија со 1-0, благодарение на голот на Мари Антоанет Катото уште во 10-тата минута од дербито.

За Лион, ова беше прв пораз на домашна сцена после дури четири години. Не знаеја за пораз во лигата од декември 2016 година, имаа серија од 80 меча без пораз (75 победи и 5 нерешени). И последниот пораз на Лион беше од ПСЖ во Париз со 0-1.

По оваа победа, ПСЖ го презеде првото место со еден бод плус во однос на актуелниот првак на Франција и Европа.

- Оглас -

Најнови вести