Изгледаше дека ПСЖ ќе го растури Монако, на крајот се случи чудо

Монако со 3:2 го победи Пари Сен Жермен во меч од 11. коло на француското првенство. Светците беа големи фаворити пред мечот, а по играта во првото полувреме, се чинеше дека гостите лесно ќе стигнат до трите бода.

Килијан Мбапе погоди во 25 минута за 1:0, а истиот играч беше прецизен и од пенал во 37 минута. ПСЖ напаѓаше до крајот на првиот дел, но поради офсајд позиции беа поништени погодоци на Кен и Мбапе.

Ако Монако делуваше немоќно во првите 45 минути, во второто полувреме се случи чудо. Кевин Воланд со гол во 52 минута го најави пресвртот, а истиот играч погоди за 2:2 во 66 минута. За комплетен пресврт се погрижи ветеранот Сеск Фабрегас со погодок од пенал во 84 минута кога беше исклучен и Диало кај ПСЖ.

Монако последен пат го победи ПСЖ во 2017 година, а таа сезона тимот од Малото кнежество стана и првак на Франција. Светците од Париз вечерва примија три гола, а толку вкупно погодоци примија во претходните 10 натпревари од домашното првенство.

Откако се дојдени катарските газди во ПСЖ, само еднаш претходно се случило Светците да имаат водство од 2:0, а на крајот да загубат. ТУКА прочитајте кој е тој клуб што го направи истото што вечерва му успеа на Монако.

 

- Оглас -

Најнови вести