Жестока битка за Генералниот пласман и наградите на Спортска прогноза

Новото 14-то коло на Спортската прогноза на Спорт Манија и Sport Life веќе започна, а во понудата има интересни дуели од топ 5 лигите во Европа, како оној што ќе се игра во Рим помеѓу Лацио и Јувентус или градското дерби помеѓу Леванте и Валенсија.

Важно е да се знае дека од бесплатната Спортска прогноза може само да добиете. Се вжештува битката во Генералниот пласман, може да се случи да го имаме првиот учесник што ќе ја пробие границата од 100 поени, водечкиот има 92, а 90 или повеќе поени имаат точно десетмина учесници во нашата игра.

Треба да се игра редовно, во секое коло, но дури и да се вклучите сега, не е доцна. Во секое коло се доделува прекрасниот IPhone XS, што е предизвик да ја играте Спортската прогноза која е сè попопуларна и има доста учесници.

Основната тринаесетка во 14-тото коло завршува со дуелот меѓу Вест хем и Арсенал, а лондонското дерби ќе се игра во понеделник. Прв меч на менито е Фрајбург-Волфсбург, кој се игра в сабота од 15.30 часот и тоа е последниот термин до кој можете да типувате тука.

Важни се поените и од двата дополнителни пара бидејќи тие се пресметуваат во трката за шампионската круна во Генералниот пласман и главната премија Смарт ТВ од 48 инчи.

- Оглас -

Најнови вести