Жестока казна за судијата што не досуди пенал против Интер

Интер синоќа се спаси од пораз на гостувањетокај Торино и одигра 1:1, па Нераѕурите сега се трети на табелата со 59 бода, но и меч помалку во однос на Милан и Наполи. Алексис Санчес даде гол за Интер во 93-тата минута и донесе бод за фаворитот. Според тоа што се случуваше во првото полувреме, Интер имаше и мала помош од судиите. За што се работи?

Андреа Ранокија стартуваше директно на ногата на Андреа Белоти, но судијата Марко Гвида не досуди пенал, а потоа имаше и очајно објаснување зошто не било покажано на белата точка.

Во Торино беа гневни поради одлуката да нема пенал за нив, а според пишувањата на „Газета дело спорт“, главниот судија Гвида, но и за арбитерот Давиде Маса, кој беше главен во ВАР-собата, ќе следува пауза барем од три-четири кола во кои нема да бидат делегирани за натпреварите од италијанското првенство.

Конечната одлука за казната на судиите кои не видоа пенал за Торино треба да ја соопшти Џанлука Роки, кој е претседател на судиската организација.

- Оглас -

Најнови вести