Жирона е хит во шпанската лига, има ист број бодови со Барселона

Со победата од 4-2 на гостувањето кај Гранада, Жирона потврди дека во моментов е во одлична форма и сега каталонскиот тим има серија од четири победи по ред и вкупно 13 бода во пет кола, со што го дели второто место на табелата во Ла Лига заедно со Барселона.

Жирона првпат во својата историја даде четири гола на едно прволигашко гостување.

Вечерва на југот на Шпанија, Жирона водеше со 3-0 по 34 минути игра, но домашните во второто полувреме опасно се заканија и со два гола ја вратија неизвесноста, пред Жирона да постигне и четврти, со кој ја потврди победата.

Жирона е тим кој на сите мечеви сезонава даде гол, а Гранада на сите мечеви прими гол и има просек од три примени гола по меч. Овие два клуба првпат се сретнаа меѓу себе во прволигашки дуел, а Жирона досега немаше победа во Гранада на трите гостувања кои беа во второлигашки мечеви.

- Оглас -

Најнови вести