Жирона го губи чекорот со Кралевите, до крајот на сезоната ќе се бори за второто место (Видео)

Хитот во Ла Лига, Жирона, која во првиот дел од сезоната беше лидер на табелата, полека почна да го губи здивот во трката за титулата со Реал Мадрид и вечерва го доживеа третиот пораз во последните шест меча.

Жирона вечерва загуби на гостувањето кај Хетафе со 1:0 и сега заостанува десет бода зад лидерот на табелата, Реал Мадрид.

Во последните девет кола од Ла Лига, повеќе од извесно е дека Жирона наместо за титулата, да се бори за второто место на табелата бидејќи Барселона има само еден бод помалку (61), но и натпревар помалку.

Човек на одлука беше Сантијаго кој единствениот гол на мечот го постигна во 33-тата минута. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.

- Оглас -

Најнови вести