11.8 C
Skopje
сабота, 4 октомври 2025

Жирона конечно победи и тоа против Валенсија! (Видео)

На фудбалерите на Жирона им беа потребни дури осум натпревари за да дојдат до првата победа во новата сезона во шпанската Ла Лига.

Клубот од Каталонија на домашен терен славеше над Валенсија со 2-1, а нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, и на овој меч не доби минутажа за „лилјаците“.

Жирона со оваа победа конечно се одлепи од последното место и сега е надвор и од опасната зона, но конкурентите што се под нив, се уште ги немаат одиграно своите натпревари од осмото коло.

За разлика од нив, Валенсија падна на 14-тата позиција со само осум бода.

- Оглас -

Најнови вести