Жирона победува и кога не блеска, повторно се први пред Реал (Видео)

Со голот на Порту во 20-та минута, Жирона победи на гостувањето кај Селта Виго со 1-0, па сега малиот каталонски клуб повторно е прв на табелата во шпанската лига, со тоа што второпласираниот Реал Мадрид има одиграно еден меч помалку (Кралскиот клуб в четврток гостува кај Хетафе).

За Жирона ова е прва прволигашка победа на „Балаидос“ во нивната историја. Жирона во минатото победувала во Виго, но тоа биле второлигашки мечеви. За Порту ова беше петти гол против Селта, против ниеден друг клуб нема дадено повеќе голови.

Инаку, голот падна после акција од левата страна. Ова е дури 16-ти гол на Жирона по акција од лево, со што се убедливо први во Ла Лига. Втор најопасен тим од таа страна на теренот е Атлетик со 12 голови.

https://twitter.com/i/status/1751600282088411565

- Оглас -

Најнови вести