Жирона прими гол во 100 минута и сега Барселона е на потег да сочува традиција стара 82 години

Екипата на Жирона одигра 2:2 на гостувањето кај Алавес во првиот меч од 35 коло во Примера дивисион. Гостите од Каталонија два пати имаа предност, но на крајот останаа без победа и тоа поради гол примен во 90+10 минута.

Арбитарот покажа дека ќе има шест минути дополнително време, но дозволи да се игра многу повеќе, па во 10-тата минута од продолжението, Алавес погоди за 2:2.

Жирона сега има 75 бодови, два повеќе од третопласираната Барселона. Доколку Барселона победи на сите средби до крајот, сигурно ќе заврши пред Жирона, а со тоа ќе продолжи една традиција стара повеќе од осум децении.

Последен пат неколку клуб од Каталонија на крајот завршил пред Барселона на табелата во една сезона во далечната 1944 кога Еспањол бил пред гигантот. Од тогаш поминаа 82 години и ниту една екипа од Каталонија на крајот не била пред Барселона.

- Оглас -

Најнови вести