Жирона слави пласман во ЛШ, Реал Мадрид слави титула! (Видео)

Реал Мадрид по 36-ти пат е шампион на Шпанија, а потврдата на новата титула дојде по победата на Жирона над Барселона од 4-2.

Жирона ја прескокна Барса на табелата, обезбеди прв историски пласман во Лигата на шампионите, а и двапати сезонава даде по четири гола против Барса. Цели 82 години не се случило некој каталонски тим да биде пред Барса на конечната табела, но сезонава таа традиција може да биде прекината.

На четири кола до крајот, Жирона има 13 бодови помалку од Реал.

Резервата Порту беше јунак на денешниот триумф. Тој влезе во игра при 2-1 за Барселона, и за нешто помалку од десет минути даде два гола и имаше асистенција за голем пресврт.

Голот за 4-2 беше со спектакуларен волеј во стилот на Марко Ван Бастен од финалето на ЕП во веќе далечната 1988 година.

https://twitter.com/i/status/1786821156810490088

- Оглас -

Најнови вести