Милан со победата од 4-0 над Салцбург и официјално стана последниот осминафиналист во фудбалската Лига на шампиони.
Оливие Жиру, кој има 36 години и 33 дена, даде два гола, имаше и две асистенции, па стана најстариот играч кој директно учествувал во постигнување на четири погодоци на еден меч во поновата историја на ЛШ.
За разлика од Милан, најтрофејниот италијански клуб, Јувентус, ќе мора да се задоволи со играње во Лигата на Европа. Јуве вечерва дома загуби од ПСЖ со 1-2, но работата му ја заврши Бенфика со убедливиот триумф над Макаби Хаифа од 6-1. Добра вест за Старата дама од Торино е што по 297 дена пауза, на терен се врати Федерико Кјеза и тоа е големо засилување за Бјанконерите.