Жиру го сврте миланското дерби, Росонерите пак се во битка за титулата (Видео)

Оливие Жиру е новиот миленик на навивачите на Милан, барем вечерва е така. Францускиот голгетер со два гола за три минути, во 75-та и 78-ма минута, му донесе победа на Милан од 2-1 во градското дерби против Интер, и ги врати Росонерите во трка за титулата.

Сега Милан има само еден бод помалку од Интер, а Интер има и еден меч помалку. Сепак, за фановите на Милан, поважно е што го победија градскиот ривал и тоа со пресврт, за повеќе да ги боли. Во последните две години, голови за Милан против Интер даваше само Ибрахимовиќ, а вечерва Жиру е главниот јунак.

Жиру стана прв Французин кој во Серија А на еден меч постигнал два гола против Интер. За Интер, ова е само втори пораз сезонава.

Поубав беше вториот гол на Жиру, со кој беше направен пресвртот:

- Оглас -

Најнови вести