Жиру контра обвиненијата на австралискиот репрезентативец, покажа и доказ дека е џентлмен, а не препотентна ѕвезда

Оливие Жиру се најде во фокусот на австралиската јавност откако тамошниот фудбалски репрезентативец Џејсон Кумингс го обвини дека бил препотентен и дека не сакал да ги заменат дресовите по мечот.

Кумингс раскажа цела анегдота како сакал да го смени дресот со Мбапе, но откако бил одбиен, тргнал кон Жиру, но и од него добил „корпа“. Кумингс дури објасни дека Жиру се однесувал како да не разбира англиски јазик.

Целата оваа приказна стигнала и до самиот Жиру, кој реши да ги демантира кажувањата на Кумингс. Жиру на социјалните мрежи постираше дрес на австралиската репрезентација со името на Џексон Ирвин, покажувајќи дека без проблеми го заменил својот дрес. Францускиот голгетер во објавата на која се гледа дресот на Ирвин, саракастично го прашува Ирвин: „Како е мојот англиски јазик“, асоцирајќи на тоа дека Кумингс велеше дека Жиру се правел препотентен и воопшто не сакал да зборува.

- Оглас -

Најнови вести