Жиру: Милан не е перфектен, ама најважно е што победува

Милан се мачеше против Торино, но победи со 1-0 благодарене на гол на Оливие Жиру и ја продолжи убавата триумфална низа сезонава во Серија А. Милан девет победи во првите десет кола имал само двапати, и тоа во далечната сезона 1954/55 и сега. Стрелецот Жиру е среќен што освојуваат бодови и кога не играат најдобро.

„Торино е силен тим, агресивни се, цврсти во стартовите. Многу сум среќен бидејќи не му дозволивме на противникот да создаде многу шанси. Бевме многу солидни во одбрана, освоивме три бода, што е најважно. Играме на секои три дена, тоа не е лесно за телото. Не сме перфектни, но победивме незгоден ривал, и тоа е најважно“, изјави Жиру.

- Оглас -

Најнови вести