15.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Жиру се сети на Дарко Панчев (Видео)

Искусниот француски голгетер, Оливие Жиру, додека ја разгледуваше внатрешноста на стадионот „Рајко Митиќ“ беше заинтересиран за историјата на Црвена ѕвезда која во 1991 година кога Жиру имал само 5 години, ја освои Лигата на шампионите (тогашен Куп на европски шампиони).

Жиру застана пред сликата на која Дарко Панчев го постигнува голот за победа во финалето во 1991 против Марсеј.

„Олмета на голот. Кој е играчот со бројот 9? Панчев? Го паметам“, рече Жиру, откако неговиот придружник му суфлираше: „Панчев, играше и за Интер“.

https://www.instagram.com/sportmts/reel/DVQl0qbDIJI/

- Оглас -

Најнови вести