Жив е сонот на Нотингам форест за место во Лигата на шампионите (Видео)

Нотингам форест со многу мака освои три бода на гостувањето кај Вест Хем, победата на Шумарите над Чеканите беше со 2-1 во меч кој траеше над 105 минути, па сега тимот на менаџерот Нуно Еспирито Санто остана со добри шанси да се пласира во Лигата на шампионите.

Форест е седми на табелата, а во ЛШ одат првите пет тима од Премиер лигата. Но, третиот Њукасл и четвртиот Челзи им бегаат само еден бод, а во последното коло Нотингам игра дома токму против Сините од Лондон кои им се директен ривал во борбата за место во европската елита.

Гостите од Нотингам победија во Лондон, но најубавиот гол беше дело на Џерод Боуен од Вест Хем, кој погоди во горниот агол со волеј откако атрактивно си ја намести топката на левата нога.

- Оглас -

Најнови вести