Жоао Феликс ќе го засили Милан во „пет до дванаесет“

Италијанскиот калчолигаш Милан во финишот на зимскиот преоден рок ќе се засили уште со еден квалитетен напаѓач. Тоа е Жоао Феликс од Челзи.

Познатиот фудбалски менаџер Жорж Мендеш денеска беше на средба со директорите на Челзи со цел да го реализира трансферот на Жоао Феликс во Милан, пренесува италијанскиот весник „Газета дело спорт“.

Португалскиот фудбалер ќе стане третото зимско засилување за Милан, а задачата на Мендеш беше да ги убеди челниците на лондонскиот клуб да се разделат со Феликс за пониска сума. Милан не беше подготвен да ја покрие целата плата на Жоао Феликс до крајот на сезоната, ниту да плати голема сума за шестмесечната позајмица.

- Оглас -

Најнови вести