3.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Жолтата подморница ќе се удри во жолтиот ѕид

6004 Б. Дортмунд – Виљареал (21.00 часот)

Досегашните мечеви на бундеслигашот во ЛШ изобилуваа со голови, имаше барем пет на секој од нив. Борусија на сите четири меча или даваше или примаше по четири гола. Викендов во германската лига одиграа 3-3 со Штутгарт. Жолтата подморница, која првпат ќе гостува на стадионот во Дортмунд, е спротивен случај, во четири кола даде само два, а прими шест гола и има само еден бод. За Борусија ова е втор меч дома, а и првиот го играше против шпански претставник, го совлада Билбао со 4-1.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.75)

 

6003 Челзи – Барселона (21.00 часот)

Ова е дерби на вечерта во ЛШ, се среќаваат старите ривали кои во минатото водеа тешки битки, но веќе седум години немале меѓусебен дуел. Поминаа 13 години од последната победа на Сините над Барса. На двата тима добро им оди во домашните лиги, Барса во последните две кола даде 8 гола, а Челзи не прими гол. Во ЛШ двата тима имаат по седум бода и пораз може да значи оддалечување од првите осум места кои директно водат во осминафинале. Палмер на едната и Педри на другата страна се најпроблематичните отсуства во двата состави.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

6005 Манчестер сити – Б. Леверкузен (21.00 часот)

Англискиот тим е голем фаворит и изненадување би било да не триумфира. Сити има 10 бода од четири меча, даде 10 гола, додека Баер е на пет бода со негативна гол-разлика и нивната битка е да се пробијат во топ 24 и да играат бараж за осминафинале. Граѓаните викендов беа поразени од Њукасл и ова им е шанса да заборават на тој меч. Леверкузен има серија три победи по ред, две во Бундеслигата, една во ЛШ, но овојпат имаат многу тешка задача.

Предлог тип: 1-1 & 2-5 (2.19)

 

6006 Марсеј – Њукасл (21.00 часот)

Во овој дуел на два тима од топ 5 лигите во Европа, екипите влегуваат полни со самодоверба откако викендов имаа одлични резултати во домашните лиги. Њукасл има серија од три победи по ред во ЛШ, додека Марсеј е дури 25-ти само со една победа, но тоа може да залаже, некогашниот европски првак е способен да победи вечерва. Чавките од северот на Англија се тим кој повеќе од два месеца е без нерешен резултат.

Предлог тип: & 2+ (1.97)

 

6007 Наполи – Карабах (21.00 часот)

Наполи, кој е 24-ти на табелата, е голем фаворит и ова му е шанса да се искачи погоре. Карабах е 15-ти со три бода повеќе од Наполи, а тие се и двојно поефикасни од италијанскиот првак по првите четири рунди. Наполи има проблем со повреди на искусни играчи, но тешко дека Карабах може да ги освои сите три бода, дури и реми би било сензација. Наполи нема ниеден пораз дома на официјални мечеви во 2025 година.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.05)

- Оглас -

Најнови вести