Утревечер од 21 часот во Минхен, Интер и Пари Сен Жермен ќе се соочат во финалето на Лигата на шампионите, а одлучено е ПСЖ кој формално е домашен тим, да игра во својот традиционален домашен дрес во кој доминира сина боја, додека Интер кој е гостин, ќе игра во третиот свој дрес, со жолта боја.
Оваа сезона во ЛШ, Интер играјќи во жолто победи на гости против Спарта Прага и Феенорд. Ако се сметаат сите мечеви, Интер на 10 меча во жолт дрес има 7 победи, ве ремија и еден пораз. Тимот од Милано како втор дрес го има белиот, но играјќи во бело го претрпеа единствениот пораз сезонава во ЛШ и веројатно од суеверие решија да играат во жолто кое повеќе им носи среќа.
Од фудбалерите на двата тима, елитното европско натпреварување го имаат освоено само десните бекови Ашраф Хакими од ПСЖ (има европска титула со Реал Мадрид од 2018 година) и Бенжамен Павар од Интер (освои ЛШ како член на Баерн во 2020). Мароканецот Хакими има играно и за Интер, па за него ова ќе биде специјално финале.