Обложувалницата Sport Life за денеска подготви Специјален сингл посветен на премиерлигашкиот дуел Арсенал – Ливерпул, па имате безброј игри на кои може да се обложите.
Една од опциите е да го погодите првиот стрелец на мечот, и кој играч ќе постигне барем еден гол. Ако верувате во традиција, тогаш вашиот избор за уплата може да биде дека гол ќе постигне Диого Жота. Португалецот во дресот на Ливерпул, на последните четири премиерлигашки дуели против Арсенал, секогаш постигнува гол.
Квотата дека Жота ќе даде гол на мечот е 2.80, а дека тој ќе биде прв стрелец, коефициентот е 7.00.
Арсенал од 2020 година наваму нема постигнато гол против Ливерпул. Сезонава Топчиите играат ефикасно во напад и може да го пробијат бедемот на Клоп. Во Специјалниот сингл имате и опции да погодувате колку голови ќе даде едниот и другиот тим.
Од нестандардните игри, во понудата за ова дерби има и да типувате на корнери, картони, пенали, во кој период од средбата ќе падне првиот гол, итн.