Жозе „доминира“ на социјалните мрежи: Закажан меч во 19 часот, а не знаеме дали ќе играме

Дуелот Тотенхем – Фулам засега останува да се одржи според распоредот, меѓутоа нема потврда дали дефинитивно ќе се одигра со оглед на тоа дека во редовите на Фулам се појавија неколку нови случаи на ковид-19.

Додека се чека конечна одлука, Жозе Мурињо со својот стручен штаб нетрпеливо чека во тренинг-комплексот на Тотенхем, па најде време да ја прокоментира ситуацијата. Специјалниот објави видео на кое се гледа како сите чекаат потврда, а во дескрипција напиша:

„Имаме натпревар во 19 часот (според западната временска зона во Европа), а уште не знаеме дали ќе играме. Најдобрата лига во светот“, цинично прокоментира Жозе.

- Оглас -

Најнови вести