Уште еден премиерлигашки натпревар пред одложување

Вчерашниот дуел Евертон – Манчестер сити не се одригра поради неколку активни случаи на ковид-19 во редовите на Граѓаните, а сега на уште еден натпревар му се заканува одложување поради истите причини.

Можно е утрешниот дуел меѓу градските ривали Тотенхем и Фулам да не се одржи според распоредот поради тоа што во редовите на Фулам има позитивни случаи на корона-вирус.

Во Фулам има повеќе заразени, засега не е позната точната бројка, а познато е дека менаџерот Скот Паркер неодамна го прележа корона-вирусот.

Доколку опасниот вирус продолжи да прави хаос во Англија, нема да биде изненадување ако Премиер лигата привремено застане со натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести