Жозе Мурињо го посакува Столе Димитриевски на голот на Фенербахче

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски би можело да замине од Валенсија поради недоволната шанса за настап.

Според новинарот Матео Морето, за 30-годишниот чувар на мрежата сериозен интерес покажува турскиот гигант Фенербахче, кого Жозе Мурињо го гледа како можен наследник на Доминик Ливаковиќ.

Покрај клубот од Истанбул, за Димитриевски интерес имаат и францускиот Лил и италијанската Џенова. Голманот, кој е незадоволен од својата улога во Валенсија, наводно е отворен за трансфер бидејќи негов приоритет е редовната минутажа.

Димитриевски пристигна на „Местаља“ од Рајо Ваљекано, но засега не успеа да се наметне и да ја добие довербата на тренерскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести