20.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Жозе Мурињо и Фенер повторно останаа без Лига на шампиони, Бриж блесна и победи со 6:0

Екипите на Бриж, Копенхаген и Бенфика се последните три екипи кои обезбедија место во групната фаза од Лига на шампиони. Бриж беше најубедлив и со 6:0 на свој терен го понижи Ренџерс. Ако се знае дека Бриж победи и на првиот дуел во Шкотска, тоа значи дека белгискиот тим оди во групата од ЛШ со вкупна победа од 9:1.

Копенхаген на свој терен со 2:0 го победи Базел и тоа беше доволно за данскиот тим да оди меѓу најдобрите 36 екипи во ЛШ на УЕФА. Првиот меч на овие ривали заврши 1:1, па Копенхаген пред своите фанови со два гола во второто полувреме го елиминираше ривалот од Швајцарија.

Најнеизвесно беше во Лисабон каде Бенфика даде само еден гол против Фенербахче, но и тоа беше доволно да се радува на влез во Лига на шампиони. Интересно е дека турскиот репрезентативец Керем Актуркоглу беше стрелец на голот со кој Фенербахче е елиминиран. Актуркоглу во Бенфика дојде од големиот ривал на Фенербахче, тимот на Галатасарај.

- Оглас -

Најнови вести