Жозе: Не велам дека Сити е виновен, но зошто тогаш плаќа парична казна?

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо, даде свое видување околу случајот со Манчестер сити и отстранување на забраната за настап во Лигата на шампионите.

Граѓаните со помош на Судот за спортска арбитража ја поништија казната од дадена од УЕФА за кршење на правилата на финансискиот ферплеј, по што ќе платат само 10 милиони евра наместо предвидените 30 милиони евра. Токму таа парична казна не му е јасна на Португалецот.

„Виновни или не, пресудата е срамна. Не велам дека Манчестер сити е виновен, но зошто тогаш се плаќа казна од 10 милиони евра? Што значи тоа? Ако не си виновен, тогаш не треба ништо да платиш. Срамно е да се казни клубот со неколку милиони поради прекршување на финансискиот ферплеј, а да се поништи суспензијата“, истакна Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести