Уште малку ќе изминат 24 часа од историското пласирање на Европското првенство, кое фудбалската репрезентација на Македонија го оствари вчера со победата над Грузија. Радоста не застанува, фудбалерите, стручниот штаб и управата и натаму го слави овој успех кој вечно ќе остане запаметен.
Со трубачи журката продолжува и во хотелот каде што престојуваат нашите репрезентативци по враќањето од Тбилиси. Едно име имаме… Грмат од прв до последен, сите наши херои.
Горан Пандев, Гранде ил Мачедоне, најзаслужниот за победата, е оној кој ја предводи забавата, грмеше со сиот глас: Ево зоре, ево зоре…!