Зидан: Дали ќе купиме нови играчи? Па и вака ми е тешко да го составам тимот, а не со уште нови играчи

Реал Мадрид со реми и победа стартуваше во новиот шампионат во Примера дивисион, а тренерот Зинедин Зидан откри кој му е планот за во блиска иднина. Францускиот стратег вели дека не планира да купи ниеден фудбалер до крајот на летниот преоден рок, иако од Реал летово си заминаа неголку играчи.

„Преодниот рок трае до 5 октомври и во принцип може да се случат многу работи. Јас сум задоволен од тимот со кој располагам. Секој има свое мислење, а за мене ова се најдобрите фудбалери. Дали ќе доведам некој нов играч? Зошто ми се нови играчи кога во моментов ми е доволно тешко да одредам кои од сегашните фудбалери ќе бидат во стартниот тим. Не ми требаат нови фудбалери“, рече Зидан.

Тренерот на Реал најави дека најверојатно на позајмица ќе биде пратен и Лука Јовиќ, и тоа најверојатно во тим од Серија А.

- Оглас -

Најнови вести