Реал ќе го задржи Мајорал, а ќе го пушти Јовиќ на позајмица во Рома

Рома до крајот на преодниот рок ќе се обиде да ангажира напаѓач кој треба да дојде на позајмица од редовите на Реал Мадрид.

Римската Волчица првично се распрашуваше за Борха Мајорал, шпанскиот офанзивец кој минатата сезона ја мина во Леванте, но Кралевите, односно Зинедин Зидан, попрво би го пуштиле Јовиќ да се пресели на „Олимпико“.

Сега на Рома ѝ преостанува да направи калкулации дали може да си го дозволи Јовиќ, со оглед на тоа дека српскиот репрезентативец заработува многу поголема плата од Мајорал, а Реал речиси сигурно ќе бара поделба на платата додека трае позајмицата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести