Серхио Рамос се најде на списокот од 21 фудбалер на Реал Мадрид кој ќе ги одмери силите против Менхенгладбах во клучниот дуел од последното коло во ЛШ.
Двете екипи атакуваат на позитивен исход во обидот да се осигура пласман во нокаут фазата, а покрај толку проблеми со кои се соочува Зинедин Зидан, враќањето на капитенот е доста големо олеснување.
Рамос имаше повреда која го тргна од терените речиси еден месец, по што стоперот пропушти шест меча на Кралскиот клуб.
https://twitter.com/realmadriden/status/1336325648692858880
Групата Б дефинитивно е најнеизвесна во пресрет на последното коло, во кое и Реал и Гладбах и Шахтар и Интер ќе се борат за првите две места. Групата ја предводи Гладбах со 8 бода, Шахтар и Реал имаат по седум со тоа што Украинците се втори поради подовар учинок во меѓусебните дуели, додека Интер е последен со 5 бода.