Зидан ја презема одговорноста за поразот од Шахтар

Реал Мадрид со пораз стартуваше во Лигата на шампионите, откако во Мадрид беше изненаден од Шахтар со 2:3. Кралевите беа големи фаворити пред мечот, но гостите уште во првото полувреме покажаа дека се подготвени да си одат со трите бода, па по 45 минути, водеа со 3:0.

Дури 15 години не се случило Реал во првото полувреме да прими три гола во Лигата на шампионите, па залудни беа двата погодоци во вториот дел, кога не успеа да се стигне негативата. По мечот, тренерот Зинедин Зидан ја презема одговорноста за неуспехот и најави дека мора брзо да се преземе нешто.

„Играчите се шампиони и ова не го заслужија. Јас сум одговорен и морам да најдам решение. На терен не го видов тимот кој сакав да го видам. Добра работа е што во второто полувреме имаше реакција од наша страна. Ќе го прегледаме овој меч, а потоа ќе се подготвиме за следниот дуел. Знаеме дека сабота ќе дојде многу брзо“, рече Зидан.

За Реал ова е втор пораз во Мадрид само за неколку дена. Во првенството Кралевите беа шокирани од Кадис со 0:1, а сега загубија и од Шахтар. Следен ривал на Реал ќе биде Барселона, и тоа на „Камп ноу“.

 

- Оглас -

Најнови вести