Зинедин Зидан веројатно ќе ја заврши сезоната како тренер на Реал Мадрид, иако потроши многу кредити и доверба кај раководството на Кралскиот клуб.
Беше најавено дека може и да биде сменет по дебаклот во Копа дел Реј и елиминацијата вчера од третолигашот Алкојано, но шпанските медиуми објавуваат дека Реал сепак нема да ризикува со смена на тренер на сред сезона.
Но со Флорентино Перес никогаш не се знае, па ниту една варијанта во која ќе се решава судбината на Зидан во Реал не смее да се отфрли.
Има најави дека Мануел Галјардо, извонредниот стратег на Ривер плејт, е подготвен да го замени Зидан веднаш, како кормилар на најтрофејниот клуб со најмногу трофеи европски и шпански првак.