Третолигаш со играч помалку на теренот го елиминираше Реал Мадрид од Купот!

Реал Мадрид е елиминиран од Шпанскиот куп, и тоа на срамен начин, од третолигашот Алкојано. Кралскиот клуб водеше по првото полувреме со 1-0, со првиот гол на Милитао во дресот на Реал, но аутсајдерот изедначи во 80-тата минута и се избори на продолженија.

Во екстра периодот, Зидан во игра ги внесе Крос, Асенсио и Азар, пред тоа и Бензема, покрај тоа, во 110-тата минута еден играч на Алкојано доби црвен картон, но Реал сепак загуби. Во еден од ретките излети на домашните на половината на Реал, домашните направија акција која со гол ја круниса Хуанан Казанова во 115-тата минута, расипувајќи му го две ипол години чеканото деби за Реал на голманот Андриј Лунин.

- Оглас -

Најнови вести