8.8 C
Skopje
понеделник, 15 декември 2025

Зидан конечно пак се враќа во тренерските води, ќе му се исполни сонот

Зинедин Зидан веќе неколку години е надвор од фудбалот, но неговото име секогаш е актуелно кога ќе се спомене. Откако си замина од Реал Мадрид, многу клубови имаа понуда до Зидан за да го доведат, но сите беа одбиени.

Популарниот Зизу трпеливо чека да добие само еден повик. Тоа е повикот од репрезентацијата на Франција. Повеќе од една деценија селекторското место во Франција е за Дидие Дешан, но веќе е јасно дека тој ќе си замине по завршување на Светското првенство во 2026 година.

Според сите најави и тврдења, Зидан треба да биде наследникот на Дешан. Со тоа ќе се исполни сонот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, да биде селектор на националниот тим со кој беше и светски првак во 1998 година како играч.

Зидан нема водено ниту еден клуб или репрезентација од 2021 година. Неговото единствено тренерско искуство се поврзува со Реал Мадрид. Со Кралевите направи подвиг освојувајќи три титули во ЛШ во низа, во период од 2016 до 2018 година. Потоа си замина од Реал за да се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и повторно има успех. Зидан со челниците на француската репрезентација има усмен договор за преземање на националниот тим, сега останува тоа само да биде потврдено и на писмено.

- Оглас -

Најнови вести