Зидан: Мечот против Интер за нас е како финале

Со еден пораз и еден нерешен резултат, Реал Мадрид има очајно отворање во новата сезона од Лигата на шампионите. Кралскиот клуб никогаш во историјата не извисил во групната фаза од елитното натпреварување на УЕФА, но доколку направи уште еден кикс, Кралевите ќе се доведат во многу непријатна ситуација.

Реал вечерва на свој терен е домаќин на Интер, тим кој исто така не се израдува во првите две кола. Иако пред почнување на групната фаза овие две екипи беа фаворити за освојување на првите две места, сега се во опасност. Тоа го знае и тренерот на мадриѓаните, Зинедин Зидан, кој очекува победа против Нераѕурите.

„Дуелот против Интер е како финале за нас. Свесни сме за важноста на мечот и ќе се фокусираме. Противникот е опасен, физички многу силен и игра добар фудбал. Сепак, нашите играчи секогаш се мотивирани да стигнат до победа и очекувам да направиме големи нешта сезонава“, рече Зидан.

Според најавите, популарниот Зизу веќе го има формирано стартниот тим и ќе го нападне Интер со формација 4-3-3.  

 

- Оглас -

Најнови вести