Зинедин Зидан одбива клупски понуди по разделбата со Реал Мадрид и го чека вистинскиот повик за да биде нов селектор на Франција, објави „Л`Екип“.
Триколорите имаа разочарувачки настап на Европското првенство и испаднаа во осминафиналето од Швајцарија по пенал-рулетот, па речиси e сигурно дека Дидие Дешамп ќе си замине од кормилото.
Селекторот што ги донесе Галските петли до светската круна на Мундијалот во 2018 година во Русија го загуби авторитетот, а особено беше критикуван по кавгата со Кингсли Коман, кој одбиваше речиси цел час да излезе од игра против Швајцарците.
Зидан досега беше тренер само на Реал Мадрид, од 2016 до 2018, кога освои три титули во Лигата на шампионите по ред, а потоа се врати во клубот во 2019 година и остана до 27 мај годинава.
Со 11 титули како кормилар на Реал Мадрид, популарниот Зизу е вториот најуспешен тренер во историјата на клубот зад Мигел Муњоз со 14 пехари.