Додека Французите се карале, Швајцарците даваа голови – Дешамп нема авторитет, Коман одбивал да излезе од игра

Додека Французите се карале, Швајцарците даваа голови и го елиминираа актуелниот светски првак во осминафиналето на Европското првенство.

Француски „Л’Екип“ објави детали од кавгата меѓу селекторот Дидие Дешамп и Кингсли Коман што почнала во финишот на второто полувреме при предност на Триколорите од 3:1.

Коман, кој често се повредува, во неколку наврати одбивал да излезе од игра, иако и овојпат се повреди, па Дешамп бил нервозен, но и покажал дека веќе нема авторитет кај светските прваци.

Играчот на Баерн Минхен влезе во игра како резерва во 46-тата минута на местото на Ленгле, во момент кога Швајцарија имаше предност од 1:0. Потоа се случи брз пресврт со три гола по ред на Французите, но тогаш почнале и маките на Дешамп.

Во финишот на мечот се обидел да го извади од игра повредениот Коман, но овој не сакал ни да чуе и дошло до кавга. Швајцарците со два гола во последните 15-тина минути израмнија на 3:3, а потоа победија на пенали.

Коман се скарал со селекторот и за статусот во тимот, односно не сакал да му биде резерва на Корентен Толисо, кој беше стартер на претходниот меч на Франција против Португалците, објави „Л’Екип“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести