Зидан откри која е најтешката работа во фудбалот

Реал Мадрид покажа дека е најдобар кога е најпотребно, откако во мечот од Лигата на шампиони победи на гости против Интер и сега Кралскиот клуб е со големи шанси за да ја помине групната фаза. По добро завшената работа во Лигата на шампиони, сега следува предизвик во домашното првенство. Утревечер Реал е домаќин на Алавес, а тренерот Зинедин Зидан се соочува со многу проблеми околу составот.

„Бензема, Рамос, Карвахал и Валверде нема да бидат подготвени за дуелот со Алавес, но ние сакаме да одиграме квалитетен меч. Сакаме да се покажеме во добро светло како на дуелот против Интер во Милано. Алавес не е лесен противник и ќе треба да бидеме максимално концентрирани. Најтешката работа во фудбалот е да се биде константен. Постојано да се работи, да се подобрува формата и да се биде се подобар“, рече Зидан пред утрешниот натпревар.

По девет одиграни меча Реал има 17 бода и е на четвртото место на табелата, со шест поени помалку од лидерот Реал Сосиедад кој има одиграни 10 дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести