Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Андрес Иниеста, на 40-годишна возраст одлучи да стави крај на кариерата. Каталонецот најблескавите фудбалски денови ги имаше во дресот на Барселона и во тандем со Лионел Меси, кога важеше за вистински волшебник.
Пораки по повод пензионирањето пристигнаа со големи фудбалски имињата, а вистинсо воодушевување предизвика порака која ја испрати Зинедин Зидан, фудбалерот против кого водеше епски битки на фудбалските терени.
„Поради ваквите играчи го сакаме фудбалот.“ – напиша Зидан и предизвика воодушевување кај фудбалските љубители.