Вардар ќе се подготвува во Анталија, а веќе се договорени сериозни тест натпревари со реномирани клубови.
Црвено црните се сериозни во намерата да ја освојат 11. македонска шампионска титула, што би им била вкупно 12. круна со таа од екс-Југославија, а засега сигурно е дека во Турција ќе играат против Динамо Киев и со Црвена Звезда, а во план е да се одмерат силите и со Хајдук од Сплит.
На 23. јануари сигурно е дека ривал на Вардар ќе му биде украинскиот гигант со славна историја, Динамо Киев, а шест дена подоцна лидерот во македонското првенство по есенскиот дел ќе игра со поранешниот европски првак Црвена Звезда.
Веројатно меѓу тие два тест дуели ќе се најде термин и за пријателски меч со Хајдук од Сплит и ако тој план се реализира, Вардар ќе ги има најдобрите подготовки во последните десеттина години.