Златан откри со која реченица Пиоли го убеди да остане во Милан

Златан Ибрахимовиќ во интервју за неделното издание на „Кориере дела сера“ откри со која реченица тренерот Стефано Пиоли успеа да го убеди да потпише нов договор и да остане во Милан за оваа сезона.

Златан има двајца синови, Максимилијан и Винсент, кои моментално живеат во родната Шведска, но тој има уште 25 други „синови“, кои исто така се потпираат на него.

„Сакав да се вратам во Шведска да бидам покрај семејството. Но, тогаш Пиоли ми кажа дека не можам да си заминам. Имам двајца синови во Шведска, но имам уште 25-мина тука во Милано и на сите сум им потребен“, откри Ибрахимовиќ.

Одлуката да остане на „Сан Сиро“ и покрај тоа што има 39 години, се покажа како вистински избор. Ибрахимовиќ е главна фигура во составот на Росонерите кои по 14 кола во шампионатот на Италија се лидери на табелата и атакуваат на Скудетото, додека на индивидуално ниво Златан брои 10 погодоци само во шест лигашки настапи.

- Оглас -

Најнови вести